недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски им нареди на мировниците да се вратат во Украина од мисиите

Зеленски им нареди на мировниците да се вратат во Украина од мисиите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша указ за повлекување на украинските војници од мировните мисии низ светот со цел да учествуваат во борбите против руските вооружени сили.

-Зеленски одлучи да ги повлече украинските мировници од целиот свет, заедно со опремата, за да ја зајакне украинската армија при одбивањето на руската агресија, се наведува во пораката што Врховната Рада ја објави на својот Телеграм канал.

Зеленски во указот наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, јавија украинските медиуми..

Претходно во Украина беше формирана Легија на странци, која вклучува доброволци од различни земји.