понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонските фудбалерки до 17 години убедливо поразени од Шкотска

Македонските фудбалерки до 17 години убедливо поразени од Шкотска

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години претрпе висок пораз денес од Шкотска на квалификацискиот турнир за Европско првенство (Б лига) во Албанија. Шкотланѓанките славеа победа со 9:0 (полувреме 4:0).

Турнирот стартуваше денес и ќе се игра до 14. Март.

Во групата 3 се наоѓаат и Азербејџан и домаќинот на турнирот, Албанија.

Следните средби „црвено-жолтите“ ќе ги имаат на 11 март против селекцијата на Азербејџан и на 14 март со Албанија.  (МИА)