понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер го продолжи договорот со Инзаги до крајот на сезоната 2023/24

Интер го продолжи договорот со Инзаги до крајот на сезоната 2023/24

Интер го продолжи договорот со тренерот Симоне Инзаги, соопшти денес „Football Italia“.

Новиот договор со 45-годишниот Италијанец ќе важи до крајот на сезоната 2023/24 со опција за продолжување на уште една година. Платата на Италијанецот ќе се зголеми од 4,5 милиони евра годишно на 5 милиони евра годишно, без бонуси.

Инзаги го презеде Интер во летото 2021 година и потпиша договор со клубот до крајот на јуни 2023 година.

Тимот е втор во италијанското првенство со 58 бодови на 27 натпревари. (МИА)