ФИФА потврди дека Полска ќе оди директно во финалниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар против победникот од дуелот Шведска-Чешка по исклучувањето на Русија, додека Шкотска и Украина својот бараж ќе го играат во јуни.
Полска, Шведска и Чешка одбија да играат против Русија и на неутрален терен поради војната во Украина, по што ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски репрезентации и фудбалски клубови во европските и светски натпреварувања.
Поради ситуацијата во Украина, се дозволи презакажување на нивниот меч против Шкотска за јуни, а подобриот од овој меч ќе игра во мечот за пласман во Катар со победникот од пресметката Велс-Австрија, кој ќе се игра во јуни.