понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шведска гневна на одлуката на ФИФА, Полска директно во финале на мундијалскиот бараж

Шведска гневна на одлуката на ФИФА, Полска директно во финале на мундијалскиот бараж

По исклучувањето на Русија од европските квалификации, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи денеска Полска директно да обезбеди пласман во финалето на мундијалскиот бараж, предизвикувајќи со тоа негативни реакции во Шведска.

Полска требаше на 24 март да и гостува на Русија во полуфиналниот бараж, но рускиот тим беше исфрлен од натпреварувањето поради инвазијата на Украина. ФИФА наведе дека Полска со тоа директно се пласира во финалето, во кое за место на Мундијалот во Катар ќе игра против победникот од вториот полуфинален бараж меѓу Шведска и Чешка.

Исклучувајќи ја можноста од организирање мини турнир со три репрезентации или репесаж на втората репрезентација во плејофот, ФИФА ја фаворизираше Полска, што наиде на осуда од Шведската фудбалска федерација.

– Најразумно и најчесно од спортски аспект ќе беше Полска да имаше нов противник во полуфиналето. Разбираме дека ова е тешка равенка за решевање за ФИФА, но, сепак, требаше да важи принципот на исти услови, односно да се одиграат два натпревари и да се забележат две победи за пласман на Светското првенство, изјави претседателот на Шведската фудбалска федерација, Хакан Сјестранд.  (МИА)