среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Чувар на фирма во Скопје доживеал насилство и хаос

Чувар на фирма во Скопје доживеал насилство и хаос
илустрација

На 08.03.2022 во 22:30 часот во Полициска станица Гази Баба, Р.В.(50) од Скопје пријавил дека околу 16:05 часот, додека извршувал работни задачи како чувар во правен субјект на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од А.Н.

Напаѓачот,заедно со С.Н. и уште три лица со употреба на тврди предмети ја оштетиле чуварницата и неговото паркирано патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.