петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во руски напад е погодена детска болница во Мариупол, тврдат украинските власти (ВИДЕО)

Во руски напад е погодена детска болница во Мариупол, тврдат украинските власти (ВИДЕО)

Русија уништи детска болница во опколениот пристаништен град Мариупол во југоисточниот дел на Украина, соопшти градскиот совет.

Во соопштението објавено на Фејсбук, властите велат дека „руските окупаторски сили фрлија неколку бомби врз детската болница. Уништувањето е огромно“.

Претставниците на Советот додадоа дека сѐ уште не го знаат точниот број на жртвите.

– Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол, рече во фејсбук-видео началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко.

Тој додаде дека ранетите во нападот се евакуирани во најблиската болница.