петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трудо верува дека Украина може да победи во војната против Русија

Трудо верува дека Украина може да победи во војната против Русија

Канадскиот премиер Џастин Трудо верува дека Украина може да победи во војната против Русија и дека ќе опстане како суверена земја, но како тоа да се случи со најмала можна загуба останува да се утврди.

Тој верува дека е „несомнено“ можно руската инвазија на соседната земја да биде запрена. Патот до победата е „исклучително нејасен“ за Москва во моментов, рече Трудо денеска на настан на Атлантскиот мост и Минхенската безбедносна конференција во Берлин.

-Владимир Путин направи сериозно погрешни пресметки. Тој ја потцени неверојатната храброст на украинскиот народ, рече Трудо, додавајќи дека лидерот на Кремљ исто така „ја потцени решителноста и единството на демократските сојузници и партнери пред лицето на авторитаризмот“.

Путин, сепак, би изгубил дури и ако неговите војници успеат да ја окупираат Украина поради „осакатувачките санкции што светот ги воведе врз руските лидери и врз руската економија. (…) Русите ќе продолжат огромно да страдаат поради Владимир Путин, рече Трудо, пренесува ДПА.

-Тој не очекуваше дека ќе можеме толку силно да соработуваме  заедно на таков недвосмислен начин. И мислам дека тоа е затоа што тој фундаментално погрешно ја разбира силата на демократијата, додаде канадскиот политичар. (МИА)