сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стејт департментот соработува со GoFundMe за хуманиитарна помош за луѓето погодени од војната во Украина

Стејт департментот соработува со GoFundMe за хуманиитарна помош за луѓето погодени од војната во Украина

Kанцеларијата за глобално партнерство при Стејт департментот оформи јавно-приватно партнерство со GoFundMe.org а со цел распределба на средства до организации кои помагаат во справување со хуманитарните потреби на оние погодени од агресијата на Кремљ во Украина, јавија денеска оттаму.

-Ова партнерство со GoFundMe.org е креирано за мобилизација на донации од приватниот сектор и од физички лица дадени за поддршка на организации за помош на луѓето погодеи од руските акции, се вели во соопштението.

Бизнисите, филантропските организации и физичките лица кои сакаат да делуваат во хуманитари цели можат да одат на следниот сајт https://www.gofundme.com/f/ukraine-humanitarian-fund соопштуваат од Стејт департментот.

Ситуацијата во Украина е критична со секојдневни воздушни удари на руските сили врз цивилни објекти. Од земјата досага се раселија над два милиони луѓе, најголем дел од нив во западниот дел на Украина и во соседните земји Полска, Молдавија, Романија и Унгарија. (МИА)