сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Повеќе од 500 цивили се убиени во Украина

ОН: Повеќе од 500 цивили се убиени во Украина

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека потврдила 1.424 цивилни жртви од почетокот на инвазијата врз Украина пред две недели.

Канцеларијата за човекови права на ОН  прецизира дека 516 луѓе се убиени, а 908 се повредени, но дополнува дека верува дека реалните бројки се „значително повисоки“.

Канцеларијата посочува дека повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.

Во извештајот се додаваат ажурираните бројки од градовите Волноваха, додека од Мариупол и Изиум се уште се потврдуваат по наводите за стотици цивилни жртви.

Русија негира дека целела цивили во нејзината инвазија на Украина. (МИА)