На 09.03.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Виница, лишени се од слобода Џ.У.(26) од Радовиш, А.И.(18), Е.М.(21) и С.И.(26), тројцата од Виница, поради постоење основи на сомнение дека на подрачјето на Виница извршиле 8 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, викенд куќи, маркет, пункт за отпад, 1 кривично дело „одземање на моторно возило“ и 1 кривично дело „кражба“.
Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.