недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Азурите се договориja со „Адидас“

Азурите се договориja со „Адидас“

Германската компанија за спортска опрема „Адидас“, објави дека од почетокот на наредната година, ќе стане главен спонзор на фудбалската репрезентација на Италија. Ова значи дека крај на 20-годишната соработка помеѓу Италија и „Пума“.

Фудбалскиот сојуз на Италија од „Адидас“ ќе добива околу 35.000.000 евра на годишно ниво и двете страни потпишаа четиригодишен договор.

„Адидас“, со овој договор стана спонзор на уште еден фудбалски гигант, од претходно германската компанија соработува со Германија, Шпанија и Аргентина.

Доколку Италија избори пласман на Светското првенство во Катар (21.ноември-21.декември) таму ќе ќе игра во дресовите на „Пума“.