понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шмигал: Украина се префрла на воена економија

Шмигал: Украина се префрла на воена економија

„Заедно со целиот свет, ние продолжуваме да ја градиме нашата победа. За таа цел, Украина се префрла на воена економија. Енергетска безбедност и работа на критична инфраструктура. Одбранбено-индустриски комплекс. Агроиндустриски комплекс. Логистика. Успешното работење на овие сектори се исто така интегрални компоненти на нашата победа“, изјави вечерва премиерот на Украина, Денис Шмигал.

Според него, една од суштинските теми на агендата на Владата е сеидбена кампања во регионите кои не се погодени од активни воени дејствија, пренесува Укринформ.

-Наш приоритет се прехранбените култури. Ја интензивиравме работата со земјоделците во оваа насока за да може Украина целосно да ги задоволи потребите и да ја има потребната количина на храна, рече тој.