Руските сили денеска извршија напад врз психијатриска болница во близина на источниот украински град Изум, јавија западните медиуми, повикувајќи се на регионалните власти.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синегубов изјави дека 330 лица се наоѓале во болницата, а 73 се евакуирани. Тој истакна дека се утврдува бројот на жртви, опишувајќи го како „брутален напад врз цивили“.
Во текот на неделава беше извршен напад и врз детска болница и родилиште во градот Мариупол, при што загинале три лица.