Денес се навршуваат 79 години од депортацијата на Евреите од Македонија. На одбележување беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Фашистичката власт предводена од тогашниот бугарски окупатор направи чекор, без преседан, со кој илјадници животи на нашите сограѓани Евреи згаснаа. Ваквата историја нè учи дека е потребно да се бориме за мир, разбирање и пријателство. Поуките од тогаш мора да бидат добар учебник за иднината. Слава им“ – порача Мицкоски.