сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индија истрела ракета кон Пакистан, вели дека било случајно

Индија истрела ракета кон Пакистан, вели дека било случајно

Индиската армија соопшти дека случајно истрелала проектил кон Пакистан, јавија некои светски агенции.

Индиското Министерство за одбрана истакна дека изразиле „длабоко жалење“ поради тоа.

-За време на рутинско одржување, технички дефект доведе до случајно истрелување на проектил, соопшти индиското Министерство за одбрана, без да го прецизира типот на проектилот.

Во инцидентот нема жртви.  (МИА)