сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН нема сознанија за постоење наа некоја програма за биолошко оружје во Украина

ОН нема сознанија за постоење наа некоја програма за биолошко оружје во Украина

Шефицата за разоружување при ОН Изуми Накамицу изјавидека Обединетите нации немаат сознанија за каква било програма за биолошко оружје во Украина.

Советот за безбедност на ОН е свикан по барањето на Русија за да се разговара за тврдењата на Москва, презентирани без докази, за американските „биолошки активности“ во Украина.

Накамитсу се осврна и на „загрижувачкото прашање“ за безбедноста на нуклеарните централи во Украина

Таа рече дека несреќа со нуклеарни постројки во Украина „може да има тешки последици за јавното здравје и животната средина“. Накамитсу вели дека „мора да се преземат сите чекори за да се избегне тоа“.

Таа потенцираше дека можноста за несреќа предизвикана од прекин на напојувањето на реакторот или неможноста да се обезбеди редовно одржување „се зголемува од ден на ден“.  (МИА)