вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Флоранс Парли: Никој денес не може да ги предвиди намерите на Путин

Флоранс Парли: Никој денес не може да ги предвиди намерите на Путин

Француската министерка за вооружени сили Флоранс Парли оцени дека „денес никој не може да предвиди какви се намерите на Владимир Путин“. Тоа го изјави за време на посетата во поморската база Тулон (Вар) на југот од Франција, јави дописникот на МИА.

Запрашана од новинарите за можните недостатоци во очекувањето на европските земји за руската инвазија на Украина, министерката увери: „Она што беше видливо, го видовме“, но „тешко е да се „предвидат намерите на претседателот Владимир Путин, дотолку повеќе кога кажаното не е она што е направено“.

-Веќе неколку недели се спроведува многу важно руско воено распоредување околу Украина во рамките на планираните воени вежби, потсети министерката. (МИА)