четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хамилтон: Нема пријатели на патеката

Хамилтон: Нема пријатели на патеката

Наскоро се очекува да започне новата Формула 1 сезона. Макс Верстапен ќе ја брани титулата, а Луис Хамилтон ќе вози за осми трофеј во својата кариера.

Британецот е во фокусот на јавноста пред првата трка во Бахреин. Многумина го прашуваат за односот со ривалот од Ред Бул, кој му нанесе болен пораз во финишот од ланската сезона во Абу Даби.

„Јас и Макс сме само двајца возачи. Имаме заедничко во тоа што и двајцата сакаме да победиме и да се натпреваруваме. Ние сме „фајтери“. Нема пријатели на патеката. Она што мора да продолжиме да го правиме е да се почитуваме, бидејќи на крај ние сме луѓе“, вели седумкратниот Фoрмула 1 првак.

Првата борба меѓу Хамилтон и Верстапен се очекува во Бахреин на 20 март.