Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа 407 летови денеска, поради обилните снежни врнежи.
-Од аеродромот во Истанбул откажани се 357 летови, од кои 105 на меѓународни линии, соопшти компанијата.
Операторот на аеродромот истакнал дека бројот на летови е намален за 30 проценти поради временските услови.