сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заменик директорот на руската авиокомпанија Аерофлот поднесе оставка и ја напушти Русија

Заменик директорот на руската авиокомпанија Аерофлот поднесе оставка и ја напушти Русија

Заменик директорот на водечката руска авиокомпанија Аерофлот Андреј Панев изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.

Панов, кој беше задолжен за маркетинг, на Фејсбук напишал дека „заврши животот што некогаш го имал“, пренесува Бета.

Руските медиуми претходно јавија дека и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов ја напуштил земјата, но подоцна Аерофлот демантираше. Аерофлот е тешко погоден од западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

Западните земји забранија летови на Аерофлот и забранија испорака на резервни делови, а оваа мерка важи и за другите руски авиокомпании. Аерофлот одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство. (МИА)