Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер.
Во изјава за Би-Би-Си, државниот секретар за домување и заедници, Мајкл Гоув рече дека сака да истражи опција која ќе им дозволи на британските власти да ги користат домовите и имотите на санкционирани поединци, сè додека тие се санкционирани, за хуманитарни и други цели.
– Постои прилично висока законска пречка што треба да се помине и не зборуваме за трајна конфискација. Но, ние велиме: „Ти си санкциониран, го поддржуваш Путин, овој дом е тука, немаш право да го користиш или да профитираш од него … Ако можеме да го користиме за да им помогнеме на другите, ајде да го направиме тоа“, рече Гоув.
Тој додаде дека британската Влада сака да ги зајакне сегашните мерки кои ги спречуваат олигарсите само да ги продаваат своите домови во Велика Британија, а не и да живеат во нив.
– Ако вашето богатство и вашето влијание се користат со цел да се поддржи или да се обезбеди утеха на Путин, со оглед на тоа што тој го прави, тогаш се плашам дека треба да ги сносите последиците, повлече Гоув.