Полициски службеници на СВР Тетово денеска (13 март) од 10 до 15 часот спровеле сообраќајно-контролни активности, во рамките на кои биле откриени и санкционирани вкупно 161 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-94 и ГВ-67), од кои 6 пречекорувања (ТЕ-4 и ГВ-2) биле за повеќе од 70 километри на час.Покрај ова, санкционирани се и 85 возачи (ТЕ-68 и ГВ-17) кои ја пречекориле брзината во населено место.
Во контролата, со законски предвидените мерки, односно поднесоци биле санкционирани и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-5).СВР Тетово уште еднаш апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, со што најнепосредно ќе придонесат за посигурни патишта на тетовско-гостиварското подрачје и пошироко.