Украинскиот министер за енергетика Херман халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.
Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил.
Нуклеарната централа во Чернобил не е активна, но во неа се вработени околу 200 луѓе. Според експертите опасноста од таа нуклеарна централа по јавното здравј е е помала бидејќи не е активна.
Инаку украинскиот регулатор објави дека луѓето вработени во Чернобил веќе не ги извршувале поправките и одржувањето на опремата кои се дел од системот на безбедноста поради својот физички и психички умор бидејќи работат без престан скоро три недели.