среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возач не застанал и тешко повредил полицаец во кумановско

Возач не застанал и тешко повредил полицаец во кумановско

Полициски службеник од Куманово е повреден откако во него удрил автомобил додека тој вршел службени дејствија во селото Долно Којнаре. Возачот на автомобилот не застанал на дадениот знак за запирање, а удрил и во друго возило кое било паркирано.

– Вчера во 23:30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај село Долно Којнаре кумановско, патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства, не застанувајќи на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од с. Долно Којнаре, соопшти денеска кумановската полиција.

Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот.