петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер на двомеч со Нексе во попладневен термин

Еурофарм Пелистер на двомеч со Нексе во попладневен термин

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги потврди и термините за натпреварите во Европската лига на ЕХФ каде имаме еден македонски претставник, тоа e Еурофарм Пелистер.

Битолчани ја минаа групната фаза како втори и во осминафиналето ќе се судрат со хрватскиот вицепрвак Нексе. Веќе се одредени термините, првиот натпревар се игра во Нашице, а е закажан на 29 март од 18:45 часот.

Реваншот ќе се игра во Битола и е закажан на 5 април исто така од 18:45 часот. Победникот од овој двомеч ќе се судри со подобриот од двомечот меѓу ГОГ Гудме и Бидасоа.