Британскиот тенисер, Енди Мареј се произнесе околу продолжувањето на работата со Иван Лендл. Поранешниот прв рекет на светот по трет пат влезе во стручниот штаб на Британецот.
– Не знам колку долго ќе работиме, но во блиска иднина соработката ќе биде многу тесна. Навистина ценам што сé уште е подготвен да ми помогне и верува дека сум способен за големи резултати. И јас му верувам. Мислам дека ако не веруваше во тоа, немаше да работи со мене и директно ќе го кажеше. Затоа се надевам дека ќе има големи резултати во блиска иднина, изјави Мареј.
Мареј е трикратен Грен слем шампион и поранешен прв светски рекет.