Репортерот на Фокс њуз, Бенџамин Хол, кој вчера беше повреден додека известуваше од околината на Киев, е хоспитализиран, објави американската медиумска куќа, пренесе АП, а пренесува Танјуг.
Хол работи како дописник од Вашингтон и го покрива американскиот Стејт департмент за Фокс њуз, каде што работи од 2015 година.
– Засега имаме малку детали, но Бен е хоспитализиран и нашите тимови на терен работат на собирање дополнителни информации бидејќи се се случува со голема брзина – изјави извршната директорка на Fox News Media Сузана Скот во порака до вработените во медиумската куќа.