недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина денеска планира да отвори девет хуманитарни коридори

Украина денеска планира да отвори девет хуманитарни коридори

Украина планира денеска да отвори девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили од областите под опсада на руските сили, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Вицепремиерот рече и дека украинската страна ќе се обиде да достави хуманитарна помош до опколениот Мариупол, пренесе Ројтерс.

Во меѓувреме, гувернерот на регионот Ривне, на северот на Украина, Виталиј Ковал изјави дека во вчерашниот руски воздушен напад врз ТВ-кулата во тој регион загинале најмалку 19 лица.