Украинските сили објавија снимка од пат полн со уништени и напуштени руски возила.
Снимката трае три минути, а возењето е цело време по каллив и заледен пат. Според описот на видеото, станува збор за регион околу Харков, град во источна Украина кој со недели е сцена на жестоки борби.
На снимката се гледаат многу напуштени и уништени руски тенкови. Украинската армија денеска го објави видеото на своите страници на социјалните мрежи, но не е јасно кога е снимено и кога камиони и возила биле уништени и оставени.
Во секој случај, се работи за голем конвој и големи загуби за Русите.