На 14.03.2022 во 14:00 часот на патот за с.Оревоец, прилепско, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле огревни дрва без документи натоварени на две запрежни возила, кои ги управувале С.Ш.(27) и Е.А.(33) од Прилеп.
Лицата биле приведени во полициска станица, а дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.