сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО

Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа предложи Украина да се откаже од својата кандидатура за приклучување кон воената алијанса НАТО, што е клучното барање на Русија, јави Скај Њуз.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влез на Украина во НАТО.

– Разговарав со Володимир Зеленски повторно вчера и секако сфаќам што тој вели за НАТО и реалноста на таквиот став.

– И сите отсекогаш велеа – и ние јасно му ставивме до знаење на рускиот претседател Владимир Путин – дека нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО. Сепак, Џонсон додава дека одлуката треба да ја донесе Украина и нејзиниот избран лидер, а Велика Британија ќе ги поддржи.

Украина е во преговори со Русија за договор за прекин на огнот и повлекување, при што Зеленски синоќа изјави дека преговарачките позиции сега „звучат пореални“. (МИА)