среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откако го гранатирале Киев се симнала во подрумот на сосетката да ги пушти нејзините животни на слобода – тоа што го здогледала и ги пресекло нозете

Откако го гранатирале Киев се симнала во подрумот на сосетката да ги пушти нејзините животни на слобода – тоа што го здогледала и ги пресекло нозете

Лавовите и мечките се само некои од дивите животни кои се препуштени сами на себе додека луѓето во Украина бегаат од руските сили, пренесуваат активистите за правата на животните, пишува Би-Би-Си.

Се проценува дека кај приватните домаќинства во Украина се наоѓаат илјадници диви животни вклучувајќи и лавови, тигри, мечки, волци, крокодили и питони. Во Украина е легално да се купат овие животни, под услов одгледувањето да е во заробеништво.

Асја Серпинска (78) го има едно од најголемите засолништа за кучиња во Украина, а кога на 2 март руската војска го гранатирала Киев, таа истрчала кај својата сосетка во подрумот за да ги пушти нејзините животни, а потоа забележала нешто неочекувано.

Имено таа во подрумот на својата сосетка ја забележала двегодишната лавица Руна.

-Никој не и давал храна и изгледаше прилично уморно и преплашено, па започнавме да и даваме храна за кучиња и вода, раскажува таа.

Додава дека многу животни се уплашени и нивната судбина не се знае се додека трае војната.