Артан Груби за жал го покажа правото лице на оваа Влада. Груби со неговите изјави во врска со луксузирањето на денешното гостување на ТВ 24 само и потврди на јавноста зошто не е омилен помеѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо да пројавува симпатии кон оние што ја презентираат неговата фрустрирачка потреба за луксуз и надменост, може на пример да каже зошто при толку многу вработени информатичари ангажира други за ажурирање на веб сајтот за неколку илјадници евра?
Наместо да се обидува да биде интересен колку што не е, Груби може да одговори зошто се даваат 350.000 денари за перење автомобили, кога и самиот кажува дека нема многу возила во министерството? Дали можеби перат возила на трети лица за таа сума?
За крај, навистина жалиме за капацитетот на Артан Груби, кој не му дозволува да сфати дека незначајните за него 1.000, 2.000 или 5.000 евра, се многу значајни за граѓаните, без разлика дали тоа се македонци или албанци, турци или роми.
Тоа веќе го сфатија и албанците и членството на неговата матична ДУИ, па затоа воопшто не им е симпатичен на нив, бидејќи луксузот го чувствува само Артан Груби, а сиромаштијата сите граѓани на Република Македонија, додаваат од партијата