петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над два милиони украински бегалци влегоа во Полска

Над два милиони украински бегалци влегоа во Полска

Повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба, прецизирајќи дека повеќето се жени и деца.

Претходно, портпаролот на Агенцијата за бегалци при ОН рече дека постои загриженост во Полска дека земјата „почнува да ја достигнува точката на пукање во однос на бројките“.

Метју Салтмарш, шеф на одделот за вести и медиуми при Агенцијата за бегалци, рече дека нападот врз објект за одржување на авиони во Лавов утринава може да предизвика дополнителен прилив на бегалци кои се упатуваат кон границата.

Лавов не е далеку од полската граница и многу Украинци допатуваа во градот заради релативна безбедност.

– Ако видиме повеќе конфликти во и околу Лавов, постои голема опасност повеќе луѓе да се упатат особено кон полската граница која е во близина на тој град, рече Салтмарш.