На денешните завршни зборови првообвинетиот Бојан Јовановски вели дека поранешниот градоначалник Стефан Богоев тој го направил градоначалник.
-Не сум јас цвечка за мирисање, ниту сум најчесниот човек на светот, но за ова кривично дело не сум сторил ништо, поради тоа што сум измамен и од Стефан Богоев кој што сум го направил градоначалник и ја зборувам најотворено вистината и дека тој и од тој Зоран Заев ќе обезбеди и од сите тие 350 илјади евра и од сите тие кои што учествувале во сето тоа и најмалку е одговорна оваа жена која седи тука, одговорно ви тврдам во тоа, вели Боки 13.
Тој додава дека интервенирано било и кај локалните власти и кај извршната власт е интервенирано, па така Зоран Заев бил запознаен и Фиат Цаноски одел кај него на состаноци и го информирал за земјиштето во општина Карпош, па Заев му се јавувал на Богоев и тоа се ноторни факти и вистина што ги има во мојот телефон, додаде тој.
-Ниту со едните сум имал намера да ги измамам, ниту со другите. Точно е дека ми ветувале се, а во еден момент сум се занел, точно е дека јас сум се сликал со политичарите, но повеќе сум злоупотребен јас од нив, особено од оваа гарнитура за која зборуваме и бидејќи без нив и главата Зоран Заев сето ова не можело да се случи, точно знаеме во оваа држава како функционира се и дека се е политизирано и ова е политички предмет, рече тој.
Тој предложи на судот да биде целосно ослободен бидејќи не е виновен, пресудата ќе биде изречена на 7 април во 11 часот.