вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најмладите како дел од најдобриот Фудбалски камп на Реал Мадрид деновиве се освежуваат со Изворска Спорт 0,75L

Најмладите како дел од најдобриот Фудбалски камп на Реал Мадрид деновиве се освежуваат со Изворска Спорт 0,75L

За првпат на Балканот, македонската метропола ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на Реал Мадрид. Од вчера, 11.06.2018 па се до 15 јуни, на комплексот во куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот кој е во организација на компанијата „Спорт арена“.

На вчерашното свечено отворање присуствуваа претставници на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Фудбалската федерација на Македонија и секако најповиканите, младите фудбалери кои во наредните пет дена ќе го искусат Campus Experience Macedonia.

Кожувчанка вчера беше дел од свеченото отварање на фудбалскиот камп и како општествено одговорна компанија и натаму ќе се труди и ќе биде поддржувач на вакви спортски настани, за да се поттикне спортскиот дух кај најмладите.

За време на спортски активности во Кампот потребно е постојано конзумирање на вода, затоа Новата Изворска СПОРТ од 0,75L ќе биде дел од секое хидрирано дете во Кампот.

Во насока на здравиот живот, сите учесници на фудбалскиот камп ќе имаат можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со производите на Кожувчанка.

Кожувчанка како долгогодишен спонзор на спортски настани во Македонија секојдневно е поддржувач на здравиот живот и спортските настани во Македонија.

Уживајте, спортувајте и останете хидрирани.