Евертон го изгуби секој натпревар на гости под водство на Френк Лампард. Екипата од Ливерпул денеска беше поразена со 4:0 од Кристал Палас „Селхурст Парк“ во четвртфиналето на ФА Купот.
Претходно, под водство на Лампард, Евертон загуби на гостувањето кај Њукасл (1:3), Саутемптон (0:2) и Тотенхем (0:5).
Само двајца менаџери во историјата на клубот ги загубиле првите четири гостувања со „карамелите“: Клиф Бритон (1948) и Иан Бјукен (1956).
Евертон следниот натпревар на гости ќе го игра на 3 април против Вест Хем.