Израел ќе продолжи да му помага на украинскиот народ колку што може и никогаш нема да им сврти грб на маките на луѓето кои ги знаат ужасите на војната, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид.
Во соопштението издадено по обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во израелскиот Парламент преку видео врска, Лапид истакна дека уште еднаш го осудува нападот врз Украина и му се заблагодари на Зеленски што ги споделил своите чувства и маките на украинскиот народ со членовите на Кнесетот и Владата, пишува израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.
Претседателот на Украина во своето обраќање нагласи дека Израел „ќе мора да живее со изборите“ што ги носи, дали ќе помогне во заштита на Украина од руската инвазија.