сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

115 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

115 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (20.03.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.