недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Гал: Смешно е да се организира фудбалски мундијал во Катар

Ван Гал: Смешно е да се организира фудбалски мундијал во Катар

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Луис Ван Гал жестоко ја критикуваше ФИФА поради одлуката Катар да биде домаќин на Светското првенство 2022.

Оценувајќи го таквиот избор како една од најконтроверзните одлуки на ФИФА во историјата, Ван Гал рече дека е „смешно тоа што Светското првенство ќе се одржи во Катар“.

-Смешно е дека ќе играме во Катар. ФИФА тврди дека тоа е поради развој на фудбалот во таа земја. А како се преземаат чекори за таков развој? Со организирање таму на турнир? Тоа е глупост. Сите знаат дека станува збор за пари, за комерцијални интереси. Тоа е она што и е важно на ФИФА, изјави холандскиот селектор.

Притоа Ван гал искоментира „што мислите зошто јас со својата компетентност не членувам во комисиите на ФИФА? Затоа што секогаш сум се противел на ваква организација. Не е во ред“.

Светското првенство 2022 ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември. (МИА)