петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руските трупи ја уништиле чернобилската лабораторија

Руските трупи ја уништиле чернобилската лабораторија

Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување објави дека руските војници ја „ограбиле и уништиле“ Централната аналитичка лабораторија во Чернобил, која преработувала многу радиоактивен отпад. Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има „високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои денес се во рацете на непријателот“.

Лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, содржеше и „вредна аналитичка опрема“ која не беше достапна никаде во Европа, соопшти агенцијата.