недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: СДСМ и ДУИ докажаа дека ако треба ќе седат и цела ноќ за нивните бизниси, а суштинските амандмани на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија

Јаревски: СДСМ и ДУИ докажаа дека ако треба ќе седат и цела ноќ за нивните бизниси, а суштинските амандмани на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија

Власта предводена од СДСМ и ДУИ без срам секојдневно покажуваат дека за нив бизнисите се поважни од екологијата и здравата животна средина.
Вчера на Комисијата за европски прашања која траеше до доцните вечерни часови, СДСМ и ДУИ докажаа дека ако треба ќе седат и цела ноќ кога се во прашање нивните бизниси односно поважни им се концесиите за експлотација на природните богатства од мислењето на граѓаните.
Како пратеничка група предложивме амандмани со кои бараме при давање на концесии и дозволи за испитувања да се бара согласност и од луѓето кои живеат на подрачјето на кое се врши експлатацијата, изјави денеска за медиумите, Тони Јаревски, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека амандманите предложени од ВМРО-ДПМНЕ се плод на соработката со стручната јавност, експертите, екологистите и невладините организации и дека суштинските амандмани беа сите одбиени од стана на СДСМ и ДУИ.

– Сега стана јасно дека нвните заложби за подобра животна средина се само декларативни, додека во пракса им се бити само интересит , бизнисот и профитот. Исто така, ужаснати се и од самата помисла на јавна расправа, транспарентност, информирање и инклузивност на јавноста во процесот за издавање на концесии за експлотација на минерални суровини. Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да ги браниме и останатите амандмани и ќе се бориме да ги ставиме интересите на граѓаните пред нивните криминални интереси, додаде Јаревски.

Најнови вести