вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкрињар подготвен да го продолжи договорот со Интер

Шкрињар подготвен да го продолжи договорот со Интер

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар изјави дека има намера да остане во тимот од Милано.

– Мислам дека Интер ќе ми понуди нов договор, а јас ќе го потпишам и ќе останам во тимот, изјави Шкрињар.

Шкрињар е во Интер од јули 2017 година. Во тековната сезона тој постигна четири гола на 37 натпревари за тимот. Актуелниот договор на 27-годишниот Словак со клубот е со важност до јуни 2023 година.

Претходно беше објавено дека Интер е подготвен да му понуди на Шрињар договор до 2026 година.