недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник ограбувал аптеки и продавници низ Аеродром

Малолетник ограбувал аптеки и продавници низ Аеродром

Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти пет кривични дела „разбојништво“ извршени на 18 и 19.03.2022 во аптеки и продажни објекти на подрачјето на Аеродром.

По преземени мерки било утврдено дека сторител е малолетник од Скопје, кој со закана со остар предмет од вработените одземал пари.

Дел од парите и предметот со кој ги извршил делата биле пронајдени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.