Селекторот Благоја Милевски пред мечот со Италија објави дека нема никакви дилеми околу почетниот тим
„Секоја репрезентација има свои квалитети и не би издвоил ниту една селекција како урнек како би требало да игра Македонија утревечер. Секоја селекција има различни инвидуалци, различни карактеристики и не издвоил ниту еден национален тим кој личи на нашиот. Натпреварот во Торино пред неколку години за мене нема допирни точки. Тој беше квалификациски, а ова е бараж натпревар и не би размислувал во тој правец. Атмосферата е одлична и можам само да посакам вакви момци. Дилеми околу тимот немам, составот ми е познат и верувам дека и по тренингот вечерва сите ќе бидат здрави и спремни. Верувам дека сме подготвени за секое сценарио утревечер. Го почитувам Манчини и неговата работа, тој е најзаслужен што Италија е европски првак, но секој си има свој план, така и Манчини, како и јас. Се надевам дека сме подготвени и физички да играме повеќе од деведесет минути. Последната моја порака утре ќе биде сите фудбалери да уживаат во натпреварот. Македонија неслучајно е тука, покажа квалитет во квалификациите и треба да уживаме и да го дадеме максимумот утревечер. Реален сум и секогаш тргнувам од сопствените редови. Македонија има цел во иднина да стане секогаш конкурентна во квалификации за Европско и Светско првенство. Рано е да се зборува дека сме дел од европскиот крем. Далеку сме од тоа, но имаме талент и потенцијал да бидеме поблиску до европскиот врв“, заврши Милевски/