четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПЛАЧ НА МАЈКАТА ДО НЕБОТО – погребано двегодишното момче кое загина во гранатирањето во близина на Киев, неговиот татко раскажа за пеколот (ВИДЕО)

ПЛАЧ НА МАЈКАТА ДО НЕБОТО – погребано двегодишното момче кое загина во гранатирањето во близина на Киев, неговиот татко раскажа за пеколот (ВИДЕО)

Денеска е точно еден месец откако Русија и објави војна на Украина, над три милиони луѓе досега се отселија од земјата, а многумина цивили ја губат битката со животот поради немилосрдноста на непријателот.

Неодамна порталот Радио Слободна Европа на српски јазик сподели видео од место во близина на главниот град на Украина, Киев кое било гранатирано.

Станува збор за местото Петровчим каде во гранатирање загинал и двегодишниот Степан Шпак, а неговиот татко за „Current Time“ го опиша неговиот најтежок ден во животот.

-Убиен е две годишник кој се уште не го запознал животот, мајка му го викаше мал бакнеж, сега го нема, вели неговиот татко низ солзи и плач.