Украинската морнарица денеска соопшти дека го уништила големиот руски десантен брод Орск од руската Црноморска флота во близина на пристанишниот град Бердјанск.
Морнарицата објави кратко соопштение на Фејсбук, со снимка од пожар и густ чад што се шири во пристаништето.
⚡️ The port of #Berdyansk is on fire
Presumably, the #Russian occupiers blew up fuel tanks. pic.twitter.com/r6OzC00cmM
— NEXTA (@nexta_tv) March 24, 2022
Руската армија не соопшти што се случило со бродот.
Пристанишниот град Бердјанск е под руска контрола од 27 февруари.
Генералштабот на украинската армија објави и видео од уништување руски тенк.
„Редот во пеколот штотуку стана малку подолг“, напишаа тие во објавата на Фејсбук.