петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД ќе и испратат на Украина оружје и друга одбранбена опрема

САД ќе и испратат на Украина оружје и друга одбранбена опрема

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе и испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од една милијарда американски долари.
– Во текот на изминатите неколку недели, САД одлучија да испратат безбедносна помош за Украина во вредност од милијарди долари. Зборувам за системи за противвоздушна одбрана, противтенковски оружја, беспилотни летала и милиони парчиња муниција, истакна Бајден.

– Ги поздравувам чекорите што нашите сојузници ги преземаат за да обезбедат одбранбена помош за Украина. Заедно ќе идентификуваме и испратиме дополнителна опрема, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, се за да и помогнеме на Украина, нагласи американскиот претседател.

Тој го нарече формирањето на четири нови борбени групи во источниот дел на ЕУ, односно во Словачка, Романија, Бугарија и Унгарија, „силен сигнал“ дека НАТО „колективно ќе го брани и заштити секој дел од својата територија“. (МИА)