Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Џермејн Дефо соопшти денеска дека ја завршува професионалната играчка кариера на 39-годишна возраст.
Дефо стави крај на кариерата како фудбалер на Сандерленд, во кој се врати во јануари, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, но одигра само седум натпревари.
Пред враќањето во Сандерленд, чиј дрес го носеше од 2015 до 2017 година, Дефо настапуваше за Глазгов Ренџерс и лани ја освои титулата во Шкотска.
Дефо ја почна кариерата во Вест Хем во 1999 година, а беше член и на Борнмут, Тотенхем, Портсмут и Торонто.
Во клупската кариера одигра 764 натпревари и постигна 305 голови, а дресот на англиската репрезентација го носеше на 57 натпревари и постигна 20 голови.